Нилскиот коњ во битолската зоолошка се грее на пелети

Годинава нема да има зима за нилскиот коњ Берта во Зоолошката градина во Битола. Живеалиштето не само што беше реновирано пред три години туку сега се загрева и со печка на пелети, објави порталот  сакам да кажам.

Преку оваа постапка која се смета за економична и еколошка, нилскиот коњ доби подно греење во живеалиштето, а се загреваат и водата во внатрешниот базен и воздухот во просторијата.

Од Зоолошката градина велат дека температурата во базентот достигнува до 18 Целзиусови степени, а внатре во просторијата до 21 степен. Оптимална температура за живот на еден нислки коњ е од 16 до 18 степени. На Берта очигледно денес му се згорештило во живеалиштето, па тимот на СДК ја затекнал како јаде и шета низ оградениот дел од дворот.

Со печки на пелети се загреваат и кафезите на мајмуните, а со панели на струја кафезот на змиите во Зоолошката во Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e