Никој не знае зошто: Американските падобранци гинат како на филмска лента

Џејсон Котиц е еден од припадниците на американсктие Фоки кому првиот скок од голема висини од отворен авион му беше и последен. Тој пред тоа имаше 32 тренажни скокови, но овој беше поинаков.

Авионот лета со брзина од 160 километри на час и Котиц испаничил. Доцна го активирал падобранот кој му се извиткал околу телото. Но неговата смрт во март 2015 година не беше единствена зошто уште 11 припадници на Фоките настрадаа под исти околности меѓу 2011-2016 година, што претставува раст од 60 отсто.

Иако истрагата донесе заклучок дека во прашање се несреќни случаи, надлежните до следна прилика ги забранија овие скокови. Истрагата која е во тек откри проблеми во обуката како и премногу самодоверба и на тренерите и на војниците.

Како едно од објаснувањеата за се поголемиот број на незгоди се наведува и бројот на припадниците на специјалните сили на САД по 11 септември се удвоил и со тоа несреќите зачестиле.

Дури имало и судири на падобранци во текот на падот со фатални последици за двајцата учесници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e