Невиден масакр: Поранешниот маж сурово ѝ се одмаздил на жената- ги убил нивните 3 деца и нејзиното момче

Американката Аманда Симпсон, која пред една година го напуштила мажот, тврди дека тој сурово ѝ се одмаздил поради тоа ги убил нивните три деца и нејзиното ново момче Сет Ричардсон, а нејзе само ја ранил во рамо и намерно ја оставил да живее.

Џастин Пејтнер бил вон себе поради тоа што неговата жена упорно одбивала да му се врати, а потоа извршил масакр.

Поранешниот маж ѝ рекол: „Сет е мртов. Децата се мртви. А, ти ќе мораш да живееш со тоа“, а после тоа се убил и себеси.

Оваа 29-годишна жена од Тексас неодамна е пуштена од болница, а во интервјуто за Хафингтон пост рекла дека нејзиниот маж „победил“.

„Децата ми беа сѐ, а сега веќе ги нема. Го знаеше тоа кога ми ги одзема. Останав без сѐ. Победи“, рекла Аманда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e