Екипажот ќе се врати на Земјата во декември.
Откако кинеското вселенско летало “Шенџоу-14” со човечки екипаж успешно се споило со вселенската станица, тајконаутите влегле во главниот модул на вселенската станица “Тијенхе” и започнале со работа, пишува “Кинеско радио Интернационал”.
Тие во наредните шест месеци ќе ја завршат мисијата за изградба на кинеска вселенска станица во орбитата.
Екипажот на “Шенџоу-14” ќе заврши низа задачи во текот на престојот во вселенската станица, вклучувајќи и завршување на монтажата во орбитата и изградба на вселенска станица.
Потсетуваме, Кина на 5-ти јуни од Центарот за лансирање на сателити “Џијучуен” на северозападот на земјата, успешно го лансирала вселенскиот брод “Шенџоу-14” со тричлен екипаж.