Неделен хороскоп: Што ве советуваат ѕвездите?

Проверете дали оваа недела ќе ви бидат наклонети ѕвездите…

Овен

До крајот на неделата ќе бидете под силен притисок од страна на некои членови на семејството. Нивните барања се многу емотивно нестабилни и од вас се очекува многу повеќе од она што е реално.

Бик

До крајот на оваа недела ќе бидете многу добро расположение благодарение на добрите односи и добрите проценки на луѓето околу вас. Факторот среќа ќе биде на ваша страна.

Близнаци

Чувајте се од нагли одлуки посебно кога се во прашање односите со пријателите. Личност во знакот на Јарец ви е голема поддршка.

Рак

Во следните неколку денови ќе доцните со обврските кои ви се многу нагласени. Многу од тоа не можете да поврзете со себе и не ви е јасно како да решите одредени рбаоти. Најдобра поддршка ви дава партнерот.

Лав

Досега бевте премногу отворени во разговорот со партнерот. Оваа недела ќе бидете под голем притисок од личност во знакот на Водолија за да се насочите кон себе и своите планови и желби. Никој повеќе нема да ве интересира. Ќе гледате само на себе.

Девица

Тврдоглаво се однесувате кога се во прашање односите на работа. Носите некои одлуки кои не се поволни за другите, но самите сте си најважни и тоа ви е голема деловна афирмација. Љубовната ситуација е многу комплицирана поради вашата потреба да бидете во центарот на вниманието.

Вага

Вашата приватност е само ваша и никој нема право да ве вознемирува. Гледајте сѐ што е поврзано со пари и патувања да договорите до крајот на неделата.

Шкорпија

Почетокот на неделата ќе ви биде под влијание на емоциите и страста особено поради личност во знакот на Девица. До крајот на неделата ќе бидете под силно влијание на другите во врска со деловните планови во врска со странство.

Стрелец

Меркур е лошо поставен во однос на другите планети и го активира вашето поле на комуникација. Погледнете ги работите на друг начин и обидете се да ги разберете работите онака како што е потребно.

Јарец

Вашето мислење за тоа што ќе преземете во врска со работата е многу важно. Тоа особено се однесува на вашите односи со луѓето со кои соработувате. Поддршката ќе ја добиете од партнерот.

Водолија

Во следните неколку денови од вас се очекува многу повеќе од она што сте го дале во врска со односите со јавноста. Сите очекуваат да го покажете она што најдобро го знаете во врска со работата и амбициите. Поддршка ќе добиете од пријателите.

Риби

Ќе бидете под влијае на емоциите и страста која ја чувствувате веќе некое време. Досега деловно се ангажиравте во врска со деловната ситуација под влијание на личност родена во знакот Девица, а од оваа недела тоа некако ќе изгуби смисла.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e