Токму ова го заклучуваат научниците од Принстон и Стендфорд коишто го откриле идентитетот на стотина луѓе со едноставно собирање на податоци од страниците коишто ги посетиле тие.
Кликовите во Google Chrome, мејловите, твитовите и најразличните “колачиња” може да се следат како дигитални “трошки” од коишто може да се открие нечиј идентитет.
Како би откриле кој е кој, тие повикале волонтери за анонимно да приложат податоци за страниците коишто ги посетиле како и нивните активности на друштвената мрежа Twitter.

Токму од тие анонимни податоци тие се фокусирале на линковите коишто тие ги посетиле, а Daily Mail наведува дека тимот од научници точно го погодил идентитетот на 80 отсто од вкупно 300 корисници. Веќе во првиот ден од експериментот идентификувале 11 од 13 учесници.
Но, оваа дигитална детективска работа не е единствена само за Twitter или пак искористува некаква нивна посебна грешка. Студент на Стендфорд изјавил дека не се потребни многу карактеристики за луѓето да бидат единствени. Овие откритија така покажуваат колку малку податоци всушност се потребни за да се изгради слика за некого.

– На интернет мрежата треба да се однесувате со претпоставка дека секој барем еднаш би можел да дознае за страниците коишто сте ги посетиле, изјавила Анш Шукла, студентка на Стендфорд.