Не мастурбирал 700 дена и еве како влијаело тоа врз него

Еден маж се откажал од мастурбација на 700 дена и сега раскажува како тоа влијаело врз него.

Мажот кој на социјалната мрежа Reddit се претставува како Брохит, е дел од онлајн заедницата на мажи кои престанале да мастурбираат.

Брохит не се самозадоволувал 700 дена и вели дека тоа целосно го променило неговиот живот.

„Родени сме празни одвнатре и целиот живот се трудиме да ја исполниме таа празнина со нешто. Тоа може да бидат различни работи – религија, спиритуалност, жени, образование, работа, порно филмови, секс, мобилни телефони, гледање телевизија, филмови итн. Начинот на кој ја исполнуваме таа празнина е она што не` одредува. Тоа ме тера да се запрашам како можат сите тие вештачки работи да ја одредуваат нашата личност? Кога престанав да мастурбирам, мојот мозок беше многу побистар и бев психички помирен“, вели Брохит.

„Да, дури можев да ги почувствувам оние мали работи кои се нарекуваат ’супермоќи’ – неочекувано зголемување на самодовербата, подобра концентрација, колку помалку внимание им се посветува на жените, толку полесно се доаѓа до секс и слично…“

Брохит верува дека мислењето на мажите за жените всушност е замаглено од глорификацијата на сексот. „Размислуваме за сексот и за тоа како е да се спие со жена која има совршено тело. Но, тогаш кога ќе почнеме да ги контролираме своите сексуални потреби, нашиот мозок сфаќа дека постои многу повеќе во животот од сексот и атрактивни жени. Ако можеме да се научиме на самоконтрола, можеме да постигнеме се`“.


На крајот, Брохит сфатил дека „навлеченоста на мастурбацијата“ влијаела на многу други работи.

Тој непрестано им испраќал пораки на девојките преку апликација за забавување, често имал незадолжителен секс, а со оглед на тоа што таквите „врски“ не успевале, на крајот се чувствувал несреќно и бедно.

Досега не мастурбирал 700 дена, а планира да продолжи со таа пракса и понатаму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e