НАСА објави уникатна и несекојдневна фотографија од спиралната галаксија НГЦ-4380, којашто наликува на „портал кон друга димензија“.
Оваа фотографија е снимена со помош на вселенскиот телескоп Хабл. Сепак, иако изгледа необично и естетски убаво, НГЦ-4380 е всушност сосем обична вселенска формација и постојат повеќе вакви слични галаксии во нашата вселена.
НГЦ-4380 се наоѓа во соѕвездието Девица. Галаксијата на 10 март 1826 година ја открил англискиот астроном Џон Хершел, но ова е еден од ретките моменти во кои постои вака јасна и видлива фотографија од истата.