Најдено задавено 7-годишно момче во домот на неговата дадилка

Седумгодишно момче е најдено мрство во кадата од домот на дадилката која го чувала во саботата наутро, во Германија. Модриците околу неговиот врат укажуваат на тоа дека е задавено.

Момчето го нашол неговиот татко кој некако успеал да влезе во куќата на бебиситерката со втор клуч кој бил оставен кај соседот. Според извори од полицијата момчето прво било задавено, а потоа ставено во кадата.

Родителите го оставиле детето да ја помине ноќта кај 69-годишната дадилка претходната вечер.

Но, кога следното утро дошле да го земат, никој не отворил. Таткото успеал да најде втор клуч кај соседот и го нашол мртвото тело на синот.

Дадилката е уапсена и е во притвор.

Според полицијата ова злосторство дошло одненадеж. Дадилката му била како баба на момчето, кое ноќите ги поминувало кај неа веќе пет години. Според родителите тоа сакало да оди кај неа и имал посебно блиска врска со бебиситерката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e