Зачудувачки е тоа што во оваа демократска држава постојат вакви прописи. Во Америка постојат премногу бизарни закони. За среќа, голем дел од нив не се спроведуваат, бидејќи замислете да ве осудат за криминал, бидејќи магарето ви преспало во кадата?
Но, тоа е само почеток, а листата со бизарните закони е друга, па слободно забавувајте се додека ја читате.
Алабама: Не е дозволено да носите „лажни мустаќи“ што предизвикуваат насмевка, меѓу посетителите во црква.
Алјаска: Незаконски е да ја разбудите мечката што спие.
Колорадо: Не возете додека имате температура, може да платите казна.
Флорида: Ако имате слон и го врзете на паркинг местото, за него морате да платите исто како да сте го паркирале автомобилот.
Хаваи: Не е дозволено да носите метални пари во ушите.
Илиноис: Малолетниците не смеат да конзумираат алкохол, освен ако не се работи за кулинарска емисија.
Индијана: Сакате да носите мустаќи? Доколку сакате да ги поздравите другите со бакнеж, подобро да се избричите, бидејќи можат да ве тужат.
Калифорнија: Забрането е да ја изедете жабата што била вклучена во натпреварот „скокање на жабите“.
Јужна Каролина: Додека во Аризона е забрането вашето магаре да го чувате во када, овде тој закон важи за коњите.
Јужна Дакота: Не смеете да спиете во фабрика која се бави со производство на сирење.
Луизијана: Доколку на некој му порачате пица, а претходно не сте го известиле за тоа, ќе платите казна од 500 долари.
Мериленд: Во парковите е забрането да носите маица без ремен.
Мичиген: Ако сопругот не одобри, жената не смее да ја скрати косата.
Мисури: Противзаконски е да пренесувате мечки што не се сместени во кафез.
Ново Мексико: Овде не се баш добредојдени Ромео и Јулија, со оглед на тоа дека во книгите на Шекспир се цензурирани дури 400 зборови.
Њујорк: После 22ч. заборавете на влечки, забранети се.
Орегон: Ловење животни на гробишта? Не знаеме кој воопшто би помислил на тоа, но во Орегон тоа е возможно и законски забрането.
Тексас: Забрането е да продавате очи.
Јута: Во државата на Мормоните е забрането неконзумирањето млеко.