Океаните остануваат најмистериозната територија за научниците, а иако поголемиот дел од нашата планета е прекриен со вода, ние знаеме повеќе за вселената отколку за она што се наоѓа под нивото на водата.
Поради тоа, има голем простор за откривање на нови и невообичаени работи кои се наоѓаат во океаните, но некои работи се сепак помистериозни и бизарни од другите. Ова е листата на најчудни работи пронајдени во морињата и океаните.
1. Подводен Стоунхенџ
Во средината на езерото Мичиген лежи подводната верзија на Стоунхенџ. Никој не е сигурен за што точно се работи, ниту пак како дошло тука, што го прави уште помистериозно.
2. Антички грчки компјутер
Механизмот наречен Антикитера е едно од најневеројатните откритија на модерната доба, и покрај тоа што лежел во океанот илјадници години. Ова е најстариот познат комплексен механизам, а неговата намена е непозната, но го носи името “компјутер” поради комплексноста на неговата конструкција.
3. Моторот на Аполо 11
Во март 2013 година, извршниот директор на “Amazon”, Џеф Безос, реши дека е време да направи нешто тотално лудо, но истовремено и фасцинантно, па отиде во експедиција за пронаоѓање на моторите од лансирањето на Аполо 11.
Тие лежеле на дното на океанот уште од 1969 година, а артефактот од модерното доба беше извлечен од океанот во тајност, за најпрво да биде идентификуван.
4. Антички град
Како можете да изгубите цел град? Очигледно е многу полесно од што мислиме, особено со нивото на водата кое постојано се зголемува. Овој град е пронајден покрај брегот на Египет, а бил познат под името Хераклеон. Градот бил откриен од експедиција во 2000 година.
5. Проколнати смарагди
Џеј Мисковиш од Флорида купил мапа за пронаоѓање богатство од свој пријател додека биле пијани во еден бар во 2010 година. Бидејќи бил аматерски нуркач, решил да провери дали мапата е точна, а откритието било неверојатно – тој открил смарагди вредни неколку милиони долари. Точното потекло на смарагдите не е познато, но стресот при чекањето на отплатата за своето откритие го натерало Мисковиш да си го одземе сопствениот живот. Можеби навистина биле проколнати…
6. Топови од бродот на најславниот пират
Во 1718 година легендарниот пират Блекбирд бил принуден да го потоне својот брод откако бил нападнат на брегот на Беафорт. Во 1966 година остатоците од бродот Квин Енс Ревенџ биле откриени во водата, а во 2013 година биле извлечени и топовите.
7. Изгубено сребро од Втората светска војна
Над 61 тон сребро, вредни 36 милиони долари биле изглечени од Атлантскиот океан. Се верува дека ова богатство некогаш му припаѓало на британскиот брод Герсопа, карго брод кој потонал во 1941 година откако бил нападнат со торпеда од Нацистите. Научниците пронашле околу 20% од среброто, а се верува дека вкупниот товар бил тежок 240 тони.
8. Локомотиви
Во 1985 биле пронајдени парни локомотиви од 1850-тите години на дното на океанот. Никој не знае како тие дошле таму, но сигурни сме дека не е пријатна приказна.
9. Споменик
Споменикот наречен Јонагуни се наоѓа на дното на океанот во близина на Јапонија. Се верува дека е стар повеќе од 5.000 години.