– Кој на градски улици ќе шета во костим за капење ќе плати казна до 600 евра, жени во горен дел од костим за капење и мажи со голо торзо до 500 евра, а оној кој се тетерави на улица со флаша во рака и пијан лежи на улица – 700 евра казна.
Ова го пишува на табла при влез во Хвар.
Градоначалникот револтиран од британските туристи поради пијанство и голотија реши да ги упристои и стави крај на голотијата во својот град.
– Повраќаат по градот, уринираат насекаде, шетаат без маици, спијат на градски површини, ползат наоколу и не знаат за себе. Се има свои граници, рече Новак.