Mексиканка се запиша во гимназија на 96 години

Гвадалупе Паласиос има 96 години, но таа  дури и не размислува за откажување од своите амбиции. Таа почна да посетува настава во средно училиште затоа што сака да стане учителка.

Паласиос се надева дека ќе се здобие со диплома до стотата година, за потоа да има можност да се школува за учителка.

„Се би дала за такво нешто“, изјавила Гвадалупе првиот ден на часовите,  каде што другите ученици ја поздравија со аплауз.

Гвадалупе растела во сиромаштија. Од детството работела на фармата на своите родители и не можела да оди на училиште. Подоцна таа продавала кокошки на пазарот и одгледала шест деца. Имала 92 години кога решила да научи да чита и пишува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e