Маск е необичен тип, кој спие под своето биро

„The Elon Musk Show“ е нова документарна серија која се занимава со животот на милијардерот Илон Маск преку изјави на членовите на неговото семејство, пријателите, па дури и непријателите.

Првата епизода, која се емитуваше на Би-Би-Си минатата недела, вклучуваше интервју со Џим Амбрас, кој бил потпретседател во компанијата „Zip2“, која ја основале Маск и неговиот брат, а подоцна ја купил Compaq во 1999 година.

Амбрас, говорејќи во емисијата, се присетил дека Маск шетал низ канцеларијата и гледал кој сè уште седи на своето биро во 21 часот.

„И немаше многу луѓе кои беа во канцеларијата во 21 часот“, вели тој.

„Лицето му поцрвене, беше многу лут што сите вработени не беа во канцеларија во 9 часот навечер“, објаснува Амбрас.

Бренден Спајкс, поранешен инженер во Zip2, го опишал Маск како „необичен тип“, тврдејќи дека понекогаш спиел под неговото биро. Тој додал дека го памети Маск како некој кој „знае сè“ и кој е убеден дека знае буквално „сè за сè“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e