Марк Закерберг почнал да одгледува стока: Говедата ќе пијат домашно пиво

Марк Закерберг на Фејсбук откри дека почнал да одгледува стока. Закерберг позираше јадејќи стек и објасни дека одгледува крави на Хаваи.

Марк Цукерберг, извршниот директор на „Мета“, се занимава со одгледување добиток на ранчот Ко’олау, Кауаи, Хаваи, со цел да произведе говедско месо со врвен квалитет. Според Цукерберг во неодамнешниот пост на Фејсбук, избраните раси на говеда се Вагју и Ангус, а тој планира локален и вертикално интегриран пристап во текот на процесот на производство, пишува „Дејли стар“.

Тој изјави и дека има намера да воспостави целосно локализиран и самодоволен производствен циклус. Со оглед на тоа што секоја крава бара од 5.000 до 10.000 фунти храна годишно, значителна површина се распределува на дрвјата макадамија, рече Закерберг.

„Почнав да одгледувам говеда на ранчот Ко’олау на Кауаи и мојата цел е да произведам некои од најквалитетните говеда во светот. Говедата се вагју и ангус, и ќе пораснат јадејќи оброк од макадамија и пиејќи пиво што го одгледуваме и произведуваме овде на ранчот.

Сакаме целиот процес да биде локален и вертикално интегриран. Моите ќерки помагаат да се засадат дрвјата макадамија и се грижат за нашите животни. Сè уште сме на почетокот на патувањето и забавно е да се подобрува секоја сезона. Од сите мои проекти, овој е највкусниот“, напиша Закерберг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e