Штотуку родено бебе кое мајка му го фрлила од тераса на петти кат, преживеало откако листовите од банана и го ублажиле падот.
Откако станарите во зграда во Самут Пракану на Тајланд, слушнале плач кој доаѓал од правецот кај што има плантажи за банани покрај нивната зграда, а таму откриле штотуку родено бебе како лежи на многу лисја од банани, за кои подоцна се испоставило дека главна причина што бебето преживеало.
Како што се наведува, бебето на себе имало плацента, како и папочна врвца. Во текот на падот бебето се здобила со ситни гребаници, како и гризнувања од комарец.
Од полицијата изјавиле дека разговарале со соседите и го дознале идентитетот на мајката, која тајно се породила во својата соба на петти кат, како и дека потрагата по неа е во тек.
Како што навеле, бебето се наоѓа во болницаи неговата состојба е стабилна, додека мајка ќе биде гонета поради кривично дело поради злосторството кое го направила.