Туристичките капацитети за хотелско и индивидулано сместување во земјите од регионот веќе ги објавија цените за претстојната летна сезона. За потенцијалните туристи се нудат различни финансиски услови за сместување во зависност од поединечните можности. За тоа какви се цените за сместување во станови, хотели или вили Курир.рс за српските граѓани направи преглед на цените во Црна Гора, Албанија, Хрватска, Грција и Турција.
Во прегледот на цените за летните аранжмани нема податоци за Македонија!?
Црна Гора од евтини станови до луксузни вили
Во Црна Гора можете да се најде сместување од 30 евра по ноќ, а најскапите опции надминуваат 2.000 евра на ден. Во Херцег Нови, апартманите за две лица за седум дена почнуваат од 220 евра, додека полуксузните хотели достигнуваат до 1.587 евра. Во Будва има понуди од само 180 евра за седум дена, до 16.380 евра за престој во одморалиште со поглед на море.
Хрватска со луксузно сместување и цени
Хрватскиот Јадран нуди значително повеќе луксуз. Во Ровињ цените за сместување се до 27.000 евра за седум дена во луксузни вили, додека стандардните апартмани ретко се наоѓаат под 250 евра. На Хвар, цените за сместување достигнуваат до 40.998 евра, додека долната граница е 250 евра.
Во Макарска, цените на вилите се движат помеѓу 4.000 и 5.000 евра, а поевтини станови може да се најдат од 260 до 700 евра.
Грција со различна понуда за сместување
Грција одржува рамнотежа помеѓу луксузот и прифатливоста. Во Ситонија можете да најдете станови почнувајќи од 250 евра, но најскапите вили, како онаа со приватен базен, достигнуваат 31.500 евра за седум дена.
На Тасос, каде што понудата е поограничена, цените се движат од 240 до 4.760 евра. Лефкада нуди сместување од 172 евра, но луксузните вили достигнуваат до 21.000 евра.
Албанија – најповолна јадранска дестинација
Албанија сè уште се позиционира како најприфатлива опција за одмор. Драч нуди ноќевања од 24 евра со појадок, додека цените не надминуваат 120 евра во најскапите хотели. Цените се слични и во Валона, околу 26 евра по ноќ со појадок, додека на југот од земјата, во популарните Ксамил и Саранда, хотелите со три ѕвездички чинат околу 30 евра.
Турција најповолна за фамилијарен одмор
Аранжман за четиричлено семејство, кој вклучува десет ноќевања и превоз, може да се најде за околу 3.000 евра. Иако цените малку се зголемија во споредба со претходните години, Турција сè уште нуди конкурентен сооднос цена-квалитет, пишува БизнисКурир.рс.