Што за младите денес, значи да се биде модерен? Дали денешните токсични љубовни врски се “ин” и дали вреди за истите да се жртвувате?се едни од главните прашања кои ги наметнува модернизацијата на 21виот век.
Денешниот спектар на статус помеѓу “во врска” и “соло” е поширок од кога било досега. Според статистиката, младите се повеќе сѐ жртви на токсични врски. Лекот за токсичните врски се крие во тоа што е нужно да ги препознаете нивните симптоми, а истовремено да бидете селективни при изборот на партнер.
Денес ви издвојуваме листа на токсични љубовни врски кои треба да ги спречите уште пред истите да започнат:
Поранешниот со кого понекогаш се гледате

Двајцата сте навикнати да бидете заедно, а вие сеуште не можете целосно да се откажете од него. Вие повеќе не сакате да бидете поврзани со поранешниот партнер и сте се разделиле затоа што постоело добра причина, но кога се чувствувате осамени, повторно го организирате вашето дружење. Иако ова не е најздравиот крај на врската, вие ќе бидете во добри односи додека не дојдете следната личност која што ќе ги задоволи вашите потреби.
“Те сакам, но се плашам да ти го кажам тоа”

Вие двајца сте сосема луди еден за друг и сите околу вас го знаат тоа, освен, се разбира, вие двајцата. Вие сте премногу исплашени да ги признаете вашите чувства, а и тој исто така. Наместо тоа, дејствувајте сосема рамнодушно и потрудете се да ги издигнете работите на повиско ниво.
Повик за помош

Единствениот пат кога вие го повикувате него или тој вас, е кога некои од вас двајцата сакаат одредена акција. Вие и тој не се компатибилни, па дури и немате ниту една заедничка тема на разговор, освен кога комуницирате на општи теми од секојдневието. Можеби ова не е идеален кандидат, но во споредба со другите типови на врски, тој носи најмало зло.
Сродна душа на Тиндер

Сте запознале еден човек на Тиндер кој ви изгледа совршено. Веќе секој викенд го минувате заедно, се забавувате и сте заенесени од една виртуелна слика, за која никој не може да потврди дека е реална и вистинита. Проблемот е очигледен за вас, а тоа е дека тој нема храброст да ја пренесе “врската” во реалниот живот.
“Моментално не сакам врска, но исто така не сакам да си заинтересирана за други фраери”

Ова е една од најпознатите глупави лажни врски што постојат. Тој беше јасен како ден кога ве извести дека не е заинтересиран за врската, но запаѓа во маѓепсан круг на лошо расположение откако ќе споменете некој друг. Очигледно е дека вас ве поврзува вашата сексуалност. Последното нешто што ви треба е човекот кој што ќе го чекате со месеци, а можеби и години за да се одлучи.
Пријатели кои повремено се зближуваат сѐ повеќе

Вие не сакате да имате врска со него и вашето пријателство е толку моќно и неверојатно го цените како пријател. Иако вие не можете да го почувствувате него како човек со кого би биле во љубовна врска, повремено го доживувате како совршено компетентна личност способна да ве импресионира кога се чувстувате осамено.
Врската за која “не се грижевте”
Вие сте во контакт, но од ваши лични причини дејствувате како да не ви е грижа за потенцијалниот партнер. Ниту еден од вас двајцата не сака да работи премногу ангажирано на полето љубов. Иако чувствувате наплив на емоции кон тој човек вие се однесувате рамнодушно пред него.

Момците со кои само “контактирате”

Иако досега сте биле на неколку состаноци и некои момци ви се допаѓаа, сепак немате конкретно оформено мислење за ниту еден од нив. Додека не размислите и конечно не одлучите, продолжете да разговарате со потенцијалните кандидати. Можеби еден од тие потенцијални кандидати ќе стане вашиот иден парнтер.
Најдобар пријател

Тој е твојот најдобр пријател, кој што го познаваш со години и со кого сѐ правите заедно. Ниту вие, ниту тој нема да ја фрли маската и да покаже дека сака да бидете заедно. Иако вие и тој, никогаш не сте стапиле во интимен контакт,вие константно ја прикривате љубомората доколку слушнете дека тој запознал некого во својот живот.