Благодарение на напорите на авто-мото клубот „Оф Роуд Осогово“ и надлежните од локалната самоуправа, гости од земјава и соседна Бугарија и Србија, нормално и кривопаланчани, имаа прилика да уживаат во културно-историските и пред се природни знаменитости. Мотото е „Да ги запознаеме убавините на Осоговието“, а сите оние кои сакаат да го сторат тоа ги врзува една иста страст, љубовта кон екстремните спортови, возбудата и природата. Еден од нив е младиот кривопаланчанец Далибор Китановски кој еден од традиционалните учесници.
Годинава, на јублејното „Рели Калин Камен 2018“ Далибор учествуваше по осми пат, а бидејќи страста кон автомобилизмот е голема кај ова момче, тој специјално за јубилејното издание возеше со нов џип марка Nissan patrol.
„Учествувам редовно, страст ми се брзите и теренски возила. Природата е живописна, а дополнителен елан ни дава дружбата, затоа и впрочем учествувам осум пати досега на оваа спортска манифестација. За годинава, бидејќи е јубилејно издание на релито, и пред се поради мое лично задоволство или нашински кажано „мерак“ , специјално купив нов џип наменет за планини.“ – вели Далибор.
„Џипот е 2.8 Дизел, 4×4 блокажа. Пред релито го опремив со „Оф роад“ гуми и со автомеханичарите го подобрував возилото за подобри перформанси на терен.“ – додава тој.
„И годинава како и претходните поминавме супер. Тој адреналин и таа дружба со вљубениците во возењето по специфични патеки и во поинакви услови отколку на рамен автопат не се опишува со зборови. Едноставно се доживува. Интересно годинава беше што временските услови беа различни на разни терени, некаде врнеше, некаде имаше сонце, некаде облаци, исто како да сменивме четири годишни времиња возејќи. “ ги раскажува Далибор овогодинешните импресии.
Новиот џип купен специјално за јубилејното рели „Калин Камен 2018“ откако ќе се испере од теренската кал ќе биде подготвен за веќе следното рели за кое се подготвува сопственикот Далибор.