Платите на луѓето често се менуваат. Дури и пријателите и колегите не брзаат да ја споделат сумата што ја добиваат. Но, платите на претседателите и премиерите се далеку од тајна. Ако сте љубопитни, погледнете колкави се платите на некои од најпознатите светски лидери.
1. Доналд Трамп, претседател на САД – 0,79 евра годишно
Доналд ја одбил претседателската плата од 320.000 евра годишно изјавувајќи дека ќе зема по 1 долар, односно 0.79 евра за секоја работна година бидејќи како претседател мора да биде исплатен па тоа е најниската сума што може да се земе. Богатството на претседателот изнесува речиси 3 милијарди евра, па може да си го дозволи ова. Пред Трамп, Херберт Хувер и Џон Ф. Кенеди работеле без плата. Минималната месечна плата во САД е 926 евра.
2. Петро Порошенко, претседател на Украина – 9.760 евра годишно
Според Форбс, Порошенко е 6-тиот најбогат човек во Украина. Неговото богатство изнесува 1,2 милијарди евра. Минималната месечна плата во Украина е 106 евра.
3. Си Ѓинпинг, претседател на НР Кина – 16.300 евра годишно
Си Ѓинпинг ја зема истата плата од 2015 година кога била зголемена за 62%. Лидерот, неговата сопруга и ќерка му немаат никакви бизниси, но богатството на неговите блиски роднини е проценето на околу 370 милиони евра. Минималната месечна плата во Кина е од 120 до 240 евра и зависи од законите на секоја провинција.
4. Саули Нинисто, претседател на Финска – 117.000 евра годишно
Претседателот на една од најбогатите држави на светот, кој е избран и за втор мандат, годишно заработува 117.000 евра. Минималната плата во Финска не е одредена од никаков закон, па според разни извори изнесува отприлика 1.600 евра.
5. Владимир Путин, претседател на Русија – 120.000 евра годишно
Годишната плата на Путин е 120.000 евра годишно, додека минималната месечна плата во Русија изнесува само 120 евра.
6. Тереса Меј, премиер на Велика Британија – 158.000 евра годишно
Премиерката на Велика Британија заработува 158.000 евра годишно. Познато е дека е голема обожавателка на чевли кои ги чувала во транспарентни кутии. Минималната месечна плата во Велика Британија е 1.255 евра.
7. Емануел Макрон, претседател на Франција – 170.000 евра годишно
Емануел е најмладиот претседател на Франција. Пред неговата политичка кариера, тој бил успешен во банкарската индустрија. Минималната месечна плата во Франција изнесува 1.400 евра.
8. Џими Моралес, претседател на Гватемала – 185.000 евра годишно
Поранешниот комичар и актер е најплатениот лидер во државите од Латинска Америка. Откако бил избран, тој го исполнил своето ветување и дал 60% од неговата плата во добротворни организации. Минималната плата во Гватемала изнесува околу 160 евра месечно.
9. Ангела Меркел, канцелар на Германија – 210.000 евра годишно
Меркел одбила да живее во административен дом и живее во обична зграда во централен Берлин. Минималната плата во Германија е 1.400 евра месечно.
10. Џастин Трудо, премиер на Канада – 213.000 евра годишно
Минатата година Џастин го поминал одморот на Бахамите кој бил платен од неговиот пријател милионер, принцот Карим Ага Кан. Ова предизвика скандал и сомнежи дека принцот има влијание во политичката ситуација во Канада. Трудо се извинил и ветил дека ќе биде повнимателен. Минималната плата во Канада зависи од законот во секоја провинција, но во просек изнесува околу 1.200 евра месечно.
11. Малком Турнбул, премиер на Австралија – 323.000 евра годишно
Иако е милионер, Малком не ја одбил премиерската плата. Пред тоа бил банкар и бизнисмен. Минималната месечна плата во Австралија е 1.500 евра.
12. Дорис Лојтхард, претседател на Швајцарската конфедерација – 350.000 евра годишно
Позицијата претседател на Швајцарија е само формална и се одбира од министрите за мандат од 1 година. Дорис ја држи оваа позиција веќе 2 години, а платата е иста како на сите министри. Минималната плата во Швајцарија не е одредена во закон, но изнесува отприлика 16 евра на час.
13. Ли Сјенлунг, премиер на Сингапур – 1,7 милиони евра годишно
Ли ја наследил позицијата премиер од неговиот татко, Ли Куан Ју и ја продолжил неговата политика. Тој ја има највисоката плата од сите лидери во светот и смета дека е фер и реалистична. Целиот буџет за владата во државата, во која има 31 човек, е 42 милиони евра годишно. Платата на Ли била повисока, но подоцна била намалена за 36%. Минималната плата во Сингапур не е одредена со закон, но неофицијално изнесува околу 800 евра месечно.
Извор: Кафе пауза