Кокос предизвик – Нов тренд во сексот

Новиот тренд во интимните односи станал многу популарен на социјалните мрежи, а тој се изведува многу лесно.

Одвреме-навреме странските медиуми нѐ известуваат дека се појавил некој нов тренд во сексуалните односи, а најновиот станал популарен на социјалната мрежа ТикТок.

Станува збор за т.н. „кокос предизвик“, којшто всушност нема никаква врска со кокос.

Што претставува овој предизвик?
Станува збор за тоа што во текот на интимните односи со колковите треба да се обликува зборот „coconut“ (кокос), додека жената се наоѓа одгоре при мисионерската поза за и двајцата партнери да можат максимално да уживаат во овој предизвик.

Ова движење бара многу флексибилност, а се појавил на Денот на вљубените во текот на 2019 година.

Трендот бил промовиран кога раперката Карди Би го спомнала во една прилика на социјалната мрежа Инстаграм, во видео кое потоа го виделе милион луѓе.

Како што истакнува Мелиса Стоун, експерт за секс и односи, ваквите предизвици се корисни за паровите.

„Добро е да се провери дали овој вирален предизвик може да им помогне на луѓето да го истражат задоволството со својот партнер и да ги подобрат интимните односи, како и самодовербата и расположението“, истакнала таа.

Да се проба кокос предизвикот или не?
Дали кокос предизвикот е добра идеја или сѐ зависи од тоа колку партнерите се активни во кревет?

Доколку една страна е премногу пасивна, ова движење може да биде премногу стимулативно и надвор од ритам.

„Доколку пробам кокос предизвик, а тој ме праша што да правам, ќе плачам“, напишала една твитерџика во екот на популарноста на овој тренд.

Во секој случај, истражувањето и експериментирањето може да биде корисно, но секогаш треба да се грижите за тоа што другата страна сака и што ѝ годи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e