Кое е скриеното значење на името на новиот британски принц?

Пет дена после раѓањето на новиот британски принц војвотката и војводата од Кембриџ го откриле неговото име.
Своето преслатко синче Кејт и Вилијам го нарекле Луис Артур Чарлс.
Стручњаците за британското кралско семејство биле сигурни дека парот на третото дете ќе му даде традиционално име, но никој не претпоставил дека инпирација ќе пронајдат во Франција.

Имено, Луис е едно од најпопуларните традиционални француски имиња и во историјата го носеле дури 18. француски кралеви.
Со овој потег му оддале почест на Луис Маунтбатен, обожуваниот вујко и животен ментор на принцот Чарлс. Маунтбатен во 1979. година загинал во атентат кој го извела ирската револуционерна воена организација ИРА.
Името Луис е француска верзија на старото име Шлодовиг, од периодот на Франачка, настанат од зборовите слава и воин. Името Луис, поради тоа го носи значењето на славен воин или славен во војна, во зависност од интерпретацијата.
Според нумерологијата луѓето кои го имаат ова име имаат потреба да им служат на другите и да се грижат на нивната добробит. Способни се, креативни и уметнички настроени. Имаат одлични лидерски способности, создадени се за големи потфати и значителен успех. Ја ценат вистината, правдата и дисциплината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e