Канадски остров дава работа и парче земја на секој што би се населил таму

Сопствениците на имот, земјиште и приватен бизнис нудат донација по два ари земја и работно место на секој кој ќе посака да се насели на Кејп Бретон, пишува The Independent.

Живописната природа на островот и најубавите брегови и карпи, со кои може да се пофали ретката локација, привлекува со рекламна кампања на социјалните мрежи за новите доселеници.

Еден од земјоделците кој е и сопственик на трговска компанија, нуди работа, а самиот оглас гласи: “Имаме регистриран бизнис во срцето на Кејп Бретон, богат со работни места, земјиште и потенцијал, но немаме луѓе.”

Огласот ветува привилегии на секој што ќе одговори позитивно, а како во замена за пет години макотрпна работа на местото вработениот добива парче земја.

Местото е погодно за луѓе кои ја бараат удобноста на природата и простиот и неограничен начин на живот.

Идеалниот кандидат за работното место според огласот треба да биде загрижен за животната средина и да сака да работи во тим. Во исто време идниот вработен на островот треба да има вештини во прехранбената индустрија и услуги со клиенти.

Стратегијата е насочена кон борба со трендот за намалување население на островот, а нетрадиционалната покана за миграција на луѓето собира се повеќе истомисленици.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e