Аранжманите на омилената летна дестинација годинава се поскапи и до 25 отсто, а цените на лежалките во Грција го следат тој тренд.
Грчките плажи полека се полнат со туристи, па има новости за овогодинешните цени на лежалките – и во претсезона тие одат и до 60 евра за комплет.
Nikana.gr дава ценовници за неколку популарни места и заклучува дека Ситонија моментално е најевтина.
Еве ги цените што ги собрале досега…
Пефкохори: Комплет 20€ (2 лежалки + чадор за сонце) со консумација
Полихроно: комплет (2 лежалки + чадор за сонце) – прв ред 50-60 евра, втор ред: 40 евра, трет ред: 30 евра, други редови: 20 евра (сите вклучуваат консумација)
Ситонија – Никити: до 1 јуни како услов само две пијалоци, од 1 јуни 30-50 € консумација (храна и пијалок)
Плажа Лагониси: вон сезона (мај) 5€ по лице + консумација дополнително; во текот на сезоната 1 и 2 ред покрај море: 20 € по лице или 40 € комплет + консумација, 3 ред: 15 € по лежалка или 30 € комплет + консумација, други редови: 10 € по лежалка или 20 € комплет + консумација.