Како до работа и престој во НОВ ЗЕЛАНД?

Кои се дефицитарните занимања и кои услови треба да ги исполните за да ве вработат?
Пред се, постои т.н. категорија “квалификуван мигрант“, а се однесува на луѓето кои поседуваат квалификации и знаења од областите кои се дефицитарни во Нов Зеланд. За да се стекне со овој статус, апликантот треба да има помалку од 55 години, да има добро здравје и карактер, како и да зборува Англиски јазик.
Првиот чекор е пополнување на изјава за заинтересираност, која се испраќа до Министерството за миграција на Нов Зеланд. Таму се наведуваат деталните податоци за апликантот, неговите вештини, семејство и сл. На веб страницата на ова министерство може да најдете упатство за пополнување на оваа изјава. Врз основа на таа изјава, секој кандидат се здобва со бодови, а од тие бодови зависи дали тој ќе биде повикан за работа.
Друга опција за постојано вработување во оваа земја е т.н. “работа до престој“. Оваа опција дозволува по истекувањето на привремената дозвола за работа да се стекнете и со постојана дозвола за престој. Подносителите на барањето можат да бидат квалификувани за работните позиции кои се дефицитарни во Нов Зеланд, или пак да имаат таленти за спорт или уметност.
Најдефицитарни занимања во Нов Зеланд се: инженери (хемиски, електро и сообраќајни), медицински сестри, физиотерапевти, доктори и специјалисти, социјални работници, ветеринари, електричари, автоелектричари и инженери за бродоградба.
Но, покрај тоа што сте квалификувани за некоја од дефицитарните професии, потребно е да исполните уште неколку услови.
• Мора да имате пасош кој важи најмалку три месеци од вашето заминување од Нов Зеланд; –
• Да имате вистинска желба за работа во земјата;
• Да ја имате потребната виза за вашиот престој.
Доколку ви одобрат работна дозвола, морате да исполните одредени услови за време на престојот:
• Работата која ја извршувате мора да биде во согласност со таа за која ви е издадена дозволата;
• Мора да се потчините пред законите на Нов Зеланд;
• Да се придржувате до периодот за работа кој е наведен во вашата дозвола.
ЗОШТО БИ ГО ИЗБРАЛЕ НОВ ЗЕЛАНД?
• Бесплатно и квалитетно здравство;
• Можност за лесно наоѓање на работа;
• Луѓето се пријателски расположени;
• Отсуство на корупција и силна економија;
• Природни убавини и поволна клима;
• Безбедност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e