На мексиканската страна мажи во црни униформи и вооружени со автоматски пушки и бомби оделе од куќа во куќа, мачеле и убивале припадници на противничката група и учествувале во вооружени судири на улиците на Нуево Ларедо. Од 2006. до 2012. година, кога борбите меѓу картелите, како и борбите меѓу картелите и Мексиканската војска, се пренеле на целата земја, убиени биле или исчезнале 150.000 луѓе.
На другата страна од границата, во Тексас, животот во главно не се менувал, и покрај близината и хаосот на спротивниот брег на Големата Река. Меѓутоа, можеби најсензационалната приказна во врска со овој судир се однесува на двајца американски тинејџери од Ларедо, кои биле регрутирани и обучени за платени убијци од една од завојуваните групи, позната како Зетас. Габриел Кардона и Росалио Рета наводно се одговорни за смртта на десетина противници на картелот Зетас на мексиканската страна. Командантите на картелот често ги праќале и преку границата, со список на непријатели во Тексас кои треба да се убијат.
Новинарот на Wall Street Journal, Ден Слејтер, ја напишал книгата: “Улиците на Ларедо: Како двајца американски тинејџери станале убијци”, заснована на долгогодишните преписки со Кардона, но и на интервјуата со детективот од Ларедо, кој бил заслужен за нивното апсење. И Кордона и Рета, познат како Барт поради сличноста со јунакот од “Симпсонови”, дале низа интервјуа во текот на години кои ги минале во затвор.
Некои сцени од книгата се навистина возбудливи. Детективите го следат Кардона и неговите соработници додека се подготвуваат да го нападнат возачот на син “Хамер” пред ноќен клуб во Лареда, но се воспоставува дека не е припадник на противнички картел, туку забар.
Гледањето на Слејтер на политичката економија на американската “војна против дрогата” – метафора која делува тотално непримерно, со оглед на тоа де војната се води на другата страна на Големата Река – на некои места добива софистициран карактер.
Опасност од прелевање на насилството
Стапката на криминал во американските гранични области е ниска и покрај кризата во Мексико, а Слејтер, што е за пофалба, не ја истакнува во прв план опасноста од прелевање на насилството, концепција која се појавила во 2009. година, а која ја промовирале Републиканците за да го осудат Обама поради наводната неефикасност на неговата партија кога станува збор за безбедноста на границата пред изборите за американскиот Конгрес во 2010.
Книгата на Слејтер, објавена на сред изборната сезона во која имигрантите повторно се демонизираат, очигледно треба дополнително да ја замати водата. Неговата одлука да ги нарече Кардона и Рета “деца волци” секако дека нема да ги поправи работите, бидејќи повикува на сеќавање на стравовите од 1990-тите години, поради таканаречените тинејџери кои дивееле на улиците на американските градови.
Приказната за Кардона е всушност приказна за сиромаштија. Слејтер е свесен за тоа, а неговите преписки со детето убиец даваат впечатлив увид во неговото растење во Ел Астеки, проблематичен крај во Ларедо. Меѓутоа, најдобрите делови од книгата се сместени во епилогот, во кој се среќаваме со размислувањата на Кардона, кој наскоро ќе полни 30 години, и кого го чекаат уште неколку децении во затвор.
За поврзани вести продолжете надолу