Има ли нешто поубаво од јадење чоколадо или опуштена вечер со чаша вино? Има – двете комбинирани заедно!
Да, топло чоколадо со вино постои, и е неверојатно лесно да се направи. Освен тоа, ќе бидете изненадени колку е вкусно. Еве го рецептот за овој нов кулинарски хит, а во продолжение погледнете го и видеото доколку нешто не ви е јасно. 🙂
Рецепт
* 1 ипол шолја млеко
* 1 шолја црвено вино
* 1/3 (третина) шолја парчиња црно чоколадо
* Мини маршмелоу (по желба)
* Шлаг (по желба)
Упатство за подготовка
1. Стопете го заедно млекото и парчињата чоколадо
2. Додадете го црвеното вино и постојано мешајте
3. Ставете ја смесата во шолја, украсете ја по желба со маршмелоу и шлаг, и уживајте! 🙂