Германска државјанка во Малинска, на Крк почина откако 61 годишниот сопруг кој сакал да оди на прославата на плоштадот во Загреб ја прегазил со автомобилот, затоа што му забранувала.
Се работи за 58 годишна државјанка на Германија, а несреќата се случила вчера околу 20 часот.
Во неофицијалното соопштение се наведува дека сопругот бил во алкохолизирана состојба и сакал да седне зад воланот за да присуствува на прославата на фудбалската репрезентација на Хрватска,но таа му застанала на патот за да го спречи, по што тој ја прегазил.