Ја напуштиле сопствената свадба затоа што кумот среде говор си ја побарал девојка му за жена

Еден анонимен кум неодамна стана многу непопуларен на Редит, откако младоженецот сподели дека токму неговиот најубав момент во животот го одбрал да си ја запроси девојката.

Откако вниманието на сите гости се насочило кон нововерениот пар, таа кажала „да“, младоженецот, како што вели, ја прекинал и ја напуштил сопствена свадба, па ги праша корисниците на Редит дали згрешил.

Нашата свадба беше многу добра се додека не започнаа здравиците – раскажа младоженецот и додаде дека за време на свадбениот говор неговиот кум решил да ја запроси својата девојка.

Тогаш започна пеколот.

Од тој момент, како што раскажа, никој не им посветувал внимание на младенците и здравиците во нивна чест биле прекинати, а кумот дури го замолил диџејот да ја пушти нивната песна за него и за неговата девојка, што ги поттикнало и другите парови да го сторат истото. Три часа подоцна, вели тој, сите парови трчале кај диџејот да си ја порачаат омилената песна и го имале вниманието на подиумот, па се случило невестата и младоженецот да чекаат ред за да ја пуштат нивната песна и да го заиграат првиот танц.

„Кога јас и мојата сопруга конечно добивме шанса да го заиграме нашиот прв танц, сите веќе беа исцрпени и воопшто не ни обрнуваа внимание, отидоа да јадат“, раскажа младоженецот, па неколку часа подоцна и двајцата решија дека им е доста, само се поздравиле со родителите и си заминале.

„Мислам дека никој не ни забележа“, раскажува младоженецот и додава дека дури три дена подоцна еден од неговите роднини го прашал каде исчезнале и зошто не се ни поздравиле.

„Сега ни се јавуваат роднините и ни велат дека сме незрели и треба да бидеме среќни бидејќи нашата венчавка ги поттикнала луѓето да бидат романтични“, раскажува младоженецот.

„Испрати му на кумот половина од сметката“, напишал еден од корисниците на Редит. „Би била многу лута доколку моето момче ме запроси на туѓа свадба. Тоа е неоригинално, нема некое посебно значење за нашата врска и би се чувствувала под притисок да се согласам. Освен тоа, грдо е кон младенците“, коментира една жена. „Каков себичен кум“, заклучил друг. „Дефинитивно ви требаат подобри пријатели“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e