Уловувањето на туѓиот партнер со друга личност е дефинитивно една од најопасните работи на светот. Сепак, ова момче од Аргентина одлучи да реагира малку поразлично откако ја “улови” својата девојка како го изневерува на забава. Тој не бил насилен, не се обидел да се одмаздува, само направи едно “селфи” со својата девојка и момчето со кое го изневери.
Маријано има 20 години и доаѓа од Куилмеса во Буенос Аирес и излегол на забава без својата девојка, но сфатил дека таа е на истата забава кога во еден момент ја здогледал со друго момче. Тој забележал како се бакнуваат и одлучи да застане до нив и да направи “селфи фотографија”. Тоа е сигурно многу попаметно од она што многумина го прават, а фотографијата ја објавил на социјалните мрежи.
Очиледно девојката на Маријано не знаела дека ја уловил како го изневерува сè додека не ја погледнала фотографијата на Твитер.
Тоа не е сè: Откако нејзиното неверство стана вирално, девојката одговорила на неговиот твит со намера да го оправда инцидентот.
“Можеше малку повеќе да се потрудиш”.