На изморен и исцрпен волк како стои во заледена река наишле волонтери од Центарот за заштита и изучување на дивиот свет Monte Adone од Италија. Животното наместо да бега кога ќе види човек, што е вообичаено, во овој случај стоело мирно.
Повредениот и изморен волк бил извлечен од водата, но набргу потоа престанал да дише.
Тогаш започнала драма која сепак завршува среќно. Од љубовта и грижата која ќе му биде пружена, дивото животно на крај ќе им јаде од рака на волонтерите.