Италија и Грција со најдобра храна во светот, Македонија на 53-то место

Италијанската кујна останува неприкосновен крал на светската гастрономија, но веднаш зад неа, на високото второ место, се зацврсти нашиот јужен сосед – Грција. Ова се резултатите од најновата престижна ранг-листа на светскиот гастрономски водич „Taste Atlas“ за 2025/2026 година.

Рангирањето е базирано на дури 590.228 валидни гласови за 18.912 различни јадења и пијалаци од целиот свет. Трите челни позиции изгледаат вака:

Италија (индекс 4,64)
Грција (индекс 4,60)
Перу (индекс 4,54)
Каде е Македонија во споредба со регионот?
На листата на 100-те најдобри национални кујни, Македонија го зазеде 53-тото место.

Кога станува збор за Балканот, конкуренцијата е силна. Најдобро рангирана земја од поранешна Југославија е Србија, која се наоѓа на високото 12-то место. Еве како стојат останатите земји од опкружувањето:

Турција: 7-мо место
Хрватска: 18-то место
Бугарија: 35-то место (препорачани: баница, сарми, лутеница)
Босна и Херцеговина: 52-ро место (веднаш пред нас)
Албанија: 77-мо место
Словенија: 84-то место
Црна Гора: 91-во место
На последното место од топ 100 листата се најде Кипар.

Глобални фаворити: Што мора да се проба?
Во топ 10 листата, освен медитеранските сили, влегоа и Португалија (4), Шпанија (5) и Јапонија (6).

„Taste Atlas“ издвои и конкретни гастрономски искуства кои патниците не смеат да ги пропуштат:

Италија: Неаполитанска пица;
Грција: Екстра девственото маслиново масло од Лаконија;
Перу: Сос со црно нане „Окопа“;
Португалија: Познатите кошнички со крем „Пастеиш де Белем“;
Турција: Традиционалниот појадок „кахвалти“;
Јапонија: Говедското месо „Вагју“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e