Интернет порталот CareerCast направи истражување во ИТ индустријата врз основа на висината на платите исплатени во 2016-та година и важноста на професијата во компаниите. Исто така, во предвид е земен и растот секое занимање, по што добиле листа на занимања за кои што ќе има најголема побарувачка во следните неколку години.
Програмерите на оваа листа стојат најдобро. Во оваа година заработиле во просек 64,970 долари. Иако тоа не е најдобро платената професија во ИТ индустријата, секако дека тоа е една од најбараните професии. Се очекува дека до 2024-та година побарувачката на програмери ќе порасне за 24%.

Аналитичарите на компјутерски системи годишно заработуваат по 85,800 долари и се додека луѓето ги користат компјутерите и софтверите за нив, ќе има потреба од оваа професија – луѓе кои што ќе бараат грешки кога ќе се појават проблеми. Побарувачката за нив ќе порасне за 21%.
Аналитичар на информациска безбедност годишно заработува 90,120 долари и потребата од оваа професија драстично расте. Се очекува дека за осум години побарувачката ќе порасне за 18 проценти.
Софтверските инжинери исто така се „барана роба“. Во 2016-та година просечно заработувале 100,690 долари. Нивното знаење се бара насекаде. Побарувачката за оваа професија ќе порасне за 17%.

Аналитичар на податоци се најде на 5-то место на листата на CareerCast. Луѓето со оваа професија оваа година во просек заработиле по 128,240 долари, а побарувачката од луѓето со вакво занимање ќе порасне за 16%.
Системскиот и мрежен администратор во просек во 2016-та година заработил 77,810 долари и оваа професија на листата со најбарани професии во ИТ индустријата се најде на шестото место. Отворањето на работни позиции за нивното работно место до 2024-та година ќе порасне за 8%.
За поврзани вести продолжете надолу