Индиски бизнисмен, кој живее во Дубаи, на аукција во саботата плати над осум милиони евра за купување на регистарската табличка „број пет“, објави весникот „Голф Њуз“.
– Обожувам да собирам едонставни регистарски таблички и многу сум горд што успеав да ја купам оваа со ознаката „Д5“, изјави бизнисменот Балвиндер Сахани.
Тој додаде дека за да ја задоволи својата колекционерска страст бил подготвен да плати и многу повеќе, „на пример 50 или 100 милиони евра“.
Сахани, кој е сопственик на Агенција на недвижности, се пофали дека минатата година ја купил регистарската табличка „Д9“, за шест милиони евра.
– Јас досега собрав десет уникатни регистарски таблички и се надевам дека ќе ги има уште. Тоа е мојата страст. Оваа со бројот 5 ќе оди на еден од моите „Ролс Ројси“, рече тој.
Аукцијата на уникатни регистарски талички е хит меѓу богаташите во Обединетите Арапски Емирати.