Хрватскиот фудбалер Анте Ребиќ ги отплатил кредитите на сите жители во селото од кое потекнува

Имотска крајина е горда на Анте Ребиќ, хрватскиот фудбалски репрезентативец, кој ги направи првите чекори во Долен Вињан.  По патот кон Вињан, за дочекот беа поставени билборди со неговиот лик. Само некој со камени гени може да го направи она што Ребиќ го прави на Светското првенство во фудбал. Без респект, шутира волеи од 20 метри и дрибла голмани еден на еден. Ребиќ со своите фудбалски бравури го крева стадионот на нозе. Играч кој неодамна беше “трета лига” денес вреди 50 милиони евра. Но, во Имотски знаат дека менаџерскиот лов на него нема да го промени. Тој веќе доби порака да не се троши многу во финалето, бидејќи следната недела го чекаат на турнирот во балоти, во Руновиќи.

Најдобриот пријател, Ловро Шиндик, со кого некогаш играше во Сплит и хрватските млади селекции, изјави за австрискиот весник „Heute“, како е Анте е поврзан со родниот крај.

“Ова е едно мало место, во близина на Сплит. Анте отиде со 19 години во Италија, но не заборави од каде замина. На секого во селото му ги отплати кредитите, а има околу 500 луѓе”, го откри Шиндик гестот што сите го раскажуваат.

“Хрватска со ваква игра може апсолутно се, одиме до крај”, додаде најдобриот пријател на Ребиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e