Хотел без соби во Австралија со години ги збунува минувачите

СКУЛПТУРА позната како хотел EastLink, сместена покрај автопат на периферијата на Мелбурн, Австралија, збуни многумина. Скулптурата, која привлекува внимание веќе неколку години, е дизајнирана да изгледа токму како вистински хотел.

Создадена е во 2007 година од канадскиот уметник Калум Мортон, а изградбата на скулптурата чинела повеќе од 740.000 евра, пишува Дејли Мејл. Овој „хотел“ и денес збунува многу минувачи – до тој степен што некои дури се обиделе да резервираат сместување, иако нема место и е невозможно да се влезе.

„Возачите ќе ја гледаат скулптурата од автомобилот како вистински хотел. Можеби со текот на времето ќе стане дел од филмски сет“, го опиша Мортон Хотел ИстЛинк. Тој додаде дека структурата е „една голема глупост“ и дека ја дизајнирал за да го разубави градот. Инаку, скулптурата на Hotel EastLink е долга 12 метри, широка 16 метри и висока 20 метри.

За оваа скулптура често се зборува на социјалните мрежи.
„Дали некогаш сте ја забележале хотелската скулптура додека возите низ Мелбурн? Таа измами многу луѓе, некои со години мислеа дека е вистински хотел“, „Ова е најсмешното уметничко дело што некогаш сум го видел“, „Ако некогаш се чувствувате бескорисни , запомнете дека во Мелбурн има лажен хотел“, беа дел од коментарите на Твитер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e