Владислав и Меа Милановиќ се вистински хит на Јутјуб.
Србинот Владислав и Американката Меа се во брак веќе неколку години, а нивните животи и видеа ги следат над 300.000 луѓе.
Нивното најпопуларно видео е она во кое Меа пробува традиционални јадења, оценувајќи го вкусот на секој гастрономски специјалитет.
Салатата Шопска многу и се допадна и беше воодушевена од вкусот на плескавицата, додека ќебапите не и се допаднаа многу, па ги оцени со осум.
Сепак, најинтересниот дел од видеото е кога Владислав ќе и даде чаша ракија, а нејзината реакција ги насмеа сите, вклучувајќи го и него.