Заземање место на плажите во Грција е неисцрпен извор на дискусија во текот на секоја сезона. Сега, сепак, отиде чекор понатаму.
Имено, на Родос во Грција, туристите се тепаат за првиот ред лежалки на плажата. Инцидентот го снимил некој, а видеото набрзо стана хит на социјалните мрежи, а беше споделено и од грчката инфо страница.
„Некој навистина премногу сериозно ја сфатил „борбата за место под сонцето“… Реалити програма во живо од Родос“, пишува во описот на видеото на гореспоменатата страница на Инстаграм.
Збунети туристи на плажата гледале шокирани од овој инцидент, додека мажите се тепале околу лежалките.
Други туристи пак набрзо реагирале и ја прекинале оваа борба, пишува Б92.
Под видеото, следеа низа коментари.
„Првиот ред е прв ред, мора да се бориш за него“, „Не знам дали да се смеам или да плачам“, „Се вика активен одмор“, се само дел од коментарите.