Пит Дејвидсон ги шокира фановите откако на социјалните мрежи почна да кружи видео на кое тој турка обожавател.
Комичарот отиде со својот колега Џон Стјуарт на натпреварот на Никс против Кливленд Кавалирс кој се играше во Медисон Сквер Гарден, а при излегувањето од салата застана да се фотографира со фановите.
Тогаш му пришол постар човек кој сакал да се фотографира и му рекол нешто и се обидел да го прегрне, а Дејвидсон бурно реагира и бесно го оттурна. Тој почна да гестикулира со рацете и фрли нешто кон него, поради што мажот се повлече, а Дејвидсон продолжил да се фотографира со обожавателите.
here’s angry pete davidson 💯 pic.twitter.com/WgQsZO2a4H
— Clique Productions (@ImClique_) April 23, 2023
Видеото стана вирално, а во негова одбрана излегоа многу корисници на Твитер кои коментираа дека фанот ја преминал границата.
“Пит се трудеше да биде фин и се фотографираше со обожавателите. Тој не мора да го прави тоа. Јас би реагирал на ист начин ако така ми пријде некој непознат”, коментира еден корисник на Твитер.
„Јас не сум негов обожавател, но воопшто не го обвинувам за ова. Личен простор“, додаде друг.
