Гуру од Индија, кого го следат милиони, има порака за оние кои сакаат луксуз: Еве ја тајната

Јагадиш „Јаги“ Васудев (64) или Садгуру започнал како јоги во Индија пред 40 години, а оттогаш досега има милиони следбеници ширум светот, кои го сметаат како духовен водач.

Меѓу нив се и актерот Вил Смит и фудбалерот Том Брејди, кои меѓу другото на своите фанови им ги препорачуваат неговите книги.

Садгуру истакнува дека постои разлика помеѓу животот и начинот на живот и дека животот е многу важен, а начинот на живот е неважен.

Тој наведува дека ако ги измешате овие две работи, секогаш ќе страдате бидејќи некој друг ќе има подобар животен стил, полуксузен или екстравагантен начин на живот и затоа ќе мислите дека сте послаба личност од нив, што не е вистина.

Садгуру истакнува дека многумина ги мешаат двата поима, и дека е важно да се разбере дека начинот на живот може да се промени во секој момент и дека понекогаш тоа воопшто не зависи од нас. Без разлика каква облека носиме и колку пари имаме, важно е да се радуваме, бидејќи животот е највредното нешто што го поседуваме.

Друга важна порака што Садгуру ја пренесува е дека ништо во универзумот нема смисла, па затоа животот треба да се доживува како момент на радост, љубов и да не се бара смисла бидејќи тоа може да не растажи. Тој вели дека никогаш не ја бара смислата и затоа секогаш се чувствува блажен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e