Матичната компанија на Google, Alphabet Inc, ќе елиминира 12.000 работни места или 6% од својата работна сила.
Alphabet со години привлекуваше врвни таленти за Google, YouTube и другите сервиси, а сега ќе крати 12.000 вработени. Одлуката доаѓа само неколку дена откако и Microsoft најави дека ќе отпушти 11.000 вработени.
Извршниот директор на Alphabet, Сундар Пичаи во допис до вработените рекол дека фирмата ги прегледала своите производи, луѓе и приоритети, што довело до отпуштање на луѓе во различни географски и технолошки области. Alphabet брзо се ширел во некои подобри времиња, но сега се соочил со поинаква економска реалност и економска неизвесност.
Amazon исто така почна да дели откази, што би требало да влијае на 18.000 вработени. Meta планира да отпушти 11.000 работници, а Salesforce 10 отсто од вкупно 80.000 вработени.