Со гол задник „го открила“ полот на детето и ги згрози пријателите (Видео)

Комичарката Пејџ Џин на својот инстаграм профил сакала да се пошегува со мајките и начините на кои тие о откриваат полот на нероденото дете, но наместо да ги насмее своите пријатели, таа „собрала“ бројни критики.

View this post on Instagram

Gender Reveal 🍼👶🏻

A post shared by Paige Ginn (@paigeginn) on

Во видеото може да се види како комичарката лежи на под, полугола, и испушта гасови во сина боја, од што може да се заклучи дека детето ќе биде машко.

Освен на инстаграм, видеото со брзина на светлината, се рашири и на остананите платформи како Јутјуб и Фејсбук каде има скоро 17 милиони прегледи.

„Не можам да престанам да го гледам и да се смеам“, „Најдобра работа на интернетот“, „Го гледав минимум пет пати“, гласеле само неколку коментари.

Иако некои се воодушевени, дел од нив ова видео го сметаат за грозно.

„Прво беше смешно, сега сум ужаснат“, „Мене ова ми е многу вознемирувачко“, „Искрено мислам дека нема ништо смешно во ова видео. Луѓето се очајни“, гласеле критиките.

Ова не е прв пат комичарката да објавува чудни видеа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e