Ѓоковиќ: Понекогаш се прашувам дали да се вклучам во политиката

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, за францускиот весник ЛА ЕКИП, изјави, дека секогаш сака да ја претстави Срија во најдоброто можно светло и понекогаш се прашува дали треба да се вклучи во политиката или во работи од светот на тенисот но кои не се поврзани со самата игра.

“Се што работам, го работам совесно и одговорно. Целиот себеси се вложувам во тоа. Не знам да работам работи половично. Секогаш се обидувам да помогнам и да ја претставам својата држава на најдобриот можен начин. Кога ќе сретнам граѓани во Србија јас разговарам со нив, но не сакам да се ограничувам само на својата земја, да ја сакам само неа а да ги мразам останатите”, изјави Ѓоковиќ за за францускиот ЛА ЕКИП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e