Геј свадба во скопско Бардовци, гостите ги забавувала Благица Павловска

Во сабота во вила во елитната населба Бардовци се одржала геј свадба а на забавата присуствувале и познати фаци од јавниот живот.

Младоженците – момче од Скопје и неговиот избраник, момче од Австралија со македонско потекло за пријателите направиле веселба и го официјализирале нивниот неодамна склопен брак.

Гостите ги забавувала фолк пејачката Благица Павловска и уште еден фолк пејач. Меѓу гостите била и Лила Стојановска која потврди дека веселбата била многу убава и и било многу интересно.

– Јас ги подржувам, изјавила Лила за медиумите и рекла дека прв пат присуствува на геј свадба.

Веселбата била до доцна во ноќта, а највеселите завршиле во популарно кафуле во Скопје. Гостите биле замолени да не снимаат, младоженците инсистирале на дискреција без да бидат сликани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e