Претседателот на Русија, Владимир Путин го објасна појавувањето на своите фотографии каде е полугол, без маица, нагласувајќи дека за време на одморот смета дека не е потребно да се крие зад грмушки.
Во интервју за австралиската телевизија ОРФ, новинарот го запрашал Путин од каде се појавуваат “полуголите” фотографии од рускиот претседател, кои не ги објавуваат туристи или папараци, туку се објавуваат на Интернет страницата на Кремљ.

Претседателот на Русија, Владимир Путин го објасна појавувањето на своите фотографии каде е полугол, без маица, нагласувајќи дека за време на одморот смета дека не е потребно да се крие зад грмушки.

“Рековте “полуголи”. Фала Богу, не се “голи”. Ако сум на одмор, не сметам дека е потребно да се кријам зад грмушки и не гледам ништо лошо во тоа”, вели претседателот на Русија.




