(ФОТО) Се ожени градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, се ожени вчера во црквата Свети Пантелејмон со својата долгогодишна љубов, Ивана Анѓеловска. Младиот пар го кажа судбоносното „да“ пред најблиските роднини, официјално го регистрираа нивниот брак и со семејството го прославија чинот во ресторанот „Ден и ноќ“ во Карпош, но свадба допрва ќе има.

Богоев и Ивана се знаат девет години, а се верија во февруари годинава. Нивната свадба е закажана за во септември, кога својот брак ќе го прослават пред поширокиот круг на пријатели.

Ивана е дипломиран политиколог, а работи како бренд менаџер во парфимериите „Еликсир“. Богоев, пак, е најмладиот градоначалник на СДСМ.

se-ozeni-bogoev-696x928 (1)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e