КОГА Е ЉУБОВ Е ОД ПРВ МИГ
Таа е позната новинарка, тој познат текстописец, па не е ни чудо што професијата ги споила Соња Алексовска Неделковска и Огнен Неделковски во 1996 година. Не им било потребно многу време за да проработи хемијата меѓу нив, а плод на нивната љубов е Филип.
Нивната љубовна приказна ќе ни ја раскаже Соња која воообичаено е другата страна во улога на новнар кој прашува нели, но овојпат со сигурност ќе го задржи вашето внимание со нејзините искрени одговори. Такви се двајцата искрени. А денес бидејќи е привилегија да сретнеш такви луѓе, прочитајте:
ВО ЉУБОВТА НЕМА СТАРОСНИ ГРАНИЦИ
-Првата средба се случи на фестивалот Валандово во 1996 година, во холот на Домот на културата . Една година претходно , мојот тогашен уредник Љупчо Алексовски ми предложи заедно да направиме интервју со познатиот текстописец Огнен Неделковски. Тогаш работев во списанието ,,Турбо фолк” на Драган Б.Костиќ.
За да ме убеди ми рече дека Огнен сака женски со руси коси. Кога слушнав дека е помал од мене му реков: ,,Нема шанси, не се дружам со помали од мене,,. Старите велат ,,Kога ќе го зпознаеш судениот, Господ ти ги затвора очите,,. Тоа се случи и со мене. Уште на првата средба сфатив дека воопшто не ми е важно колгу години има, какви му се чорапите или чевлите, како се смее и дали има бодликава брада.
ЉУБОВТА СОЗДАВА МАГИЈА
– По магијата која ја создаде околу нас, со искреноста. Од една страна беше многу сериозен и одмерен. Но, од друга страна искрен до болка, со начитаноста, интелегенцијата, многу е паметен.
КОГА СТРОТИВНОСТИТЕ СЕ ПРИВЛЕКУВААТ
– Многу се разликуваме, но и многу сме слични. Јас сум екстремно отворена, тој екстремно затворен. Јас сум исклучително темпераментна, тој е голем влечко. Тој секогаш на шега вели дека е мојата подобра половина. Двајцата сме искрени во љубовта и во бракот. Меѓу нас нема ниту лаги, ниту тајни. Многу ги сакаме музиката и спортот. И што е најважно двајцата сме многу грижливи родители.
ЗАПРОСУВАЊЕ
– По неколку средби ми понуди да живееме заедно. Тоа беше всушност неговото запросување. По негова иницијатива, веднаш работевме на случајот да станеме родители. Откако останав бремена се посветивме на подготовките на свадбата.
МОДЕРНА СВАДБА
Свадбата ја направивме во скопскиот хотел ,,Белви,,. Ги избегнавме традиционалните обичаи земање невеста од дома, матично, па хотел. Се регистриравме два дена пред свадбата само во присуство на кумата и старосватицата. Пред свадбената веселба се сместивме во хотел . Преку ден бев на шминкер и фризер. А вечерта ги пречекувавме гостите во холот. Групата ,,Нели ти реков,, беше задолжена за веселбата. По неколку песни отпеаа Гоко Ѓорчев и Јулија.
БРАКОВИТЕ НЕКОГАШ И ДЕНЕС
– Да. Секое време носи свои убавини. Но, мислам дека сега младите иако уживаат во многу привилегии, подложни се и на многу повеќе стресови. Сето тоа им го прави животот потежок. А и одност кон бракот не е ист како некогаш.
ПРЕДБРАЧНО ЖИВЕЕЊЕ
– Да и тоа е многу добро. Од секогаш сум имала полиберални размислувања поврзани со љубовта и бракот. Се омажив на 30 години, а потекнував од средина која во тоа време наметна критериуми девојките да се омажат што порано. Си ветив себеси дека нема да се омажам по секоја цена, за да не ме озборуваат соседите. Моите родители беа прекрасни и имаа разбирање за секој мој чекор. Огнен беше мојата чиста и искрена љубов. Мојот вистински избор. И му благодарам на Господ што ми ги затвори очите кога првпат го сретнав.
КОМПРОМИС ЗА СРЕЌЕН БРАК
– Освен искрените чувства и довербата, битен е компромисот во одредени ситуации. Не го наметнувам егото, ниту сакам по секоја цена да биде како што ќе кажам . Тоа многу ја олеснува нашата секојдневната комуникација. Знам да премолчам и да не го наметнувам мојот став кога е вжештена ситуацијата. Но, од друга страна Огнен е личност кој би направил се за среќата на својот син и сопругата.
Извор: Во бело