(Фото) Помина преку кањон одејќи на тенко јаже!

Во Бања Лука беше одржан вториот по ред фестивал “Drill and Chill Climbing and Highlining”, каде беше соборен светскиот рекорд за одење по јаже на најголема надморска висина над копно или вода.

Над кањонот Тијесно беше поставено најлонско јаже од 413 метри, по кое “прошета” Германецот Џулијан Митермаер.

1

Фестивалот беше во организација на клубот “Extreme” од Бања Лука, а целта е зголемување на свеста за качувањето како спорт, како и промоција на здравиот и спортски начин на живот.

На фестивалот присуствуваа повеќе од стотина љубители на екстремните спортови, кои ги пробуваа своите вештини.

1609200207mn

6

5

4

3

2

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e