50-годишната Алегра Кол се претставува како деловна жена, секс терапевт, советник, модел, а истовремено е и сопруга и мајка на осум деца.
Својата кариера ја започнала како модел со големи гради и собрала преку 800 илјади следбеници на Инстаграм, за кои вели дека “ја гледале како станува деловна жена, експерт за пластични операции и активистка”.
Сега Алегра се одлучила на нов деловен потфат – станува збор за собирање пари за пластични операции за жени кои не можат да си ги дозволат. Таа за порталот “BuzzFeed” објаснила дека на тој начин сака да им помогне на жените да “станат најдобрата верзија од себеси”.
“Пластичната хирургија ми даде изглед кој одговара на мојот карактер, ми даде сексапил и самодоверба, а беше чудесно да се набљудува како се менува моето тело”, раскажала Алегра која вели дека е благословена и дека затоа нејзината судбина е да им помогне и на другите жени да го направат истото.
Таа досега направила четири операции за зголемување на градите, две операции за зголемување на задникот и зафат за намалување на стомакот. Вели дека нејзината страница “BoobJobs4Moms.com” може да послужи и како платформа за сите оние кои сакаат да се занимаваат со моделство и дека на истата можат да ги оставаат своите фотографии и биографии.
Објаснила и дека жените од неа постојано бараат совети во врска со операциите, па најлогично било да отпочне бизнис преку кој ќе им помага во тоа. Додава и дека сопругот постојано соработува со неа и ѝ е огромна поддршка, а ништо повеќе не ја радува од децата и семејството.
View this post on InstagramAlmost time… 🙏🏼🎄 Have a beautiful Sunday everyone
A post shared by Allegra Cole (@allegracoleworld) on