Притисокот беше голем и BMW веќе не можеше да ја држи тајната – само еден ден пред официјалната премиера протекоа првите фотографии од моделот.
Моделот од седмата генерација ја носи ознаката G30 а фотографиите ја прикажуваат M Sport верзијата. Со динамичниот надворешен изглед и супериорната ергономија внатре, новата серија 5 сигурно ќе биде извонреден автомобил. Околу 100 килограми помалку на тежина благодарение на CLAR платформата, несомнено ќе влијае на ефикасноста на возилото. Притоа не мислиме само на потрошувачката на горивото, туку и на динамиката на возење.